Поаѓање од Скопје во 20.00 часот на паркингот пред хотел Холидеј Ин со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија со попатни одмори до Загреб.
Пристигнување во Загреб во утринските часови. Заминување на панорамски разглед на градот со водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Горниот град, Камената Порта, Загребската Катедрала, Калчичева улица, Марковата Црква.....Слободно време за индивидуална прошетка. Попладне заминување за Опатија(едно од најмонденските места на Јадранскиот брег).Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Трст. Прошетка по плоштадот Пиазза Унита, Палатата на Гувернерот....Слободно време за шопинг со посета на центарот Торри д'Еуропа. Попладне враќање во Опатија. Вечерта факултативно крстарење со брод по Опатијска Ривиера со закуска и пијалок. Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време за посета на паркот Свети Јаков (изграден 1845-1860, кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба во Опатија -црквата Св. Јаков која датира од 15-от век). Попладне заминување за Ријека. Слободно време за прошетка ( Зградата на Хрватскиот Народен Театар, Гувернеровата Палата, Палатата Јадран, Ријечкото корзо.....).Заминување за Македонија.Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Скопје во раните утринските часови.
можност за плаќање со VISA, MASTER/MAESTRO CARD
Во цената се пресметани следните услуги:
Во цената не се пресметани следните услуги:
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници