Поаѓање во 16.00 часот од Скопје на паркингот пред х. Холидеј Ин со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија, Унгарија со попатни одмори до Прага.
Пристигнување во Прага околу пладне. Сместување во хотел, мал одмор. Следува панорамски разглед на градот со локален водич: Старо место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Прашката кула, Катедралата Св.Вито, златната улица.... Слободно време за шопинг. Вечерта можност за факултативно Крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.
Појадок. По појадокот организиран факултативен излет до Дрезден - град со многу впечатлива архитектура кој уште го викаат “Фиренца на Елба”. Панорамски разглед на градот со локален водич: Богородичната црква, Златниот коњаник, Муралот со приказната за Владетелите на Саксонија, Операта, Палатата Цвингер.... Слободно време за прошетка и шопинг. Попладнето враќање во Прага. Вечерта факултативно организирана свечена вечера во Прага. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување за Виена. Пристигнување во Виена околу пладне (град со долга традиција во уметноста и културата преточени во театарот,операта,класичната музика и ликовната уметност). Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Плоштадот Рингштрасе,Катедралата Св. Стефан и Стефанплац, Парламентот, Палатата Белведере, Ратхаус,... Слободно време за прошетка и шопинг по улицата Мариахилфер страсе. Вечерта заминување за Македонија со попатни одмори.
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
можност за плаќање со ВИСА, МАСТЕР, МАЕСТРО ЦАРД
Во цената се пресметани следните услуги:
Во цената не се пресметани следните услуги:
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Арка-Г