ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - МИЛАНО - ЛОРЕТ ДЕ МАР- БАРЦЕЛОНА - АЗУРЕН БРЕГ - КАН- НИЦА - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот пред хотел Бристол во 11.30 часот. Поаѓање за Венеција во 12.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
Пристигнување во Венеција (Лидо ди Јесоло) во предпладневните часови. Сместување во хотел. Попладнето панорамско разгледување на градот: плоштадот и базиликата Св.Марко, Мостот на воздишките и мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање кон Верона. Панорамско разгледување на градот: плоштадите Бра, Данте и Ебре, Арената, гробовите на фамилијата Скала, куќата на Јулија... Попладнето поаѓање кон Милано. Слободно време за индивидуални посети и разгледи. Вечерта ноќно возење со попатни одмори кон Коста Брава..
Претпладнето пристигнување во Фигуерес - родното место на славниот сликар Салвадор Дали и посета на неговиот музеј. Околу пладне поаѓање кон Лорет де Мар. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера и посета на дискотека. Ноќевање.
Појадок. Целодневна посета на главниот град на Каталонија - Барцелона. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Каталонија и Шпанија, авенијата Рамблас, катедралата Саграда Фамилија, Шпанското село, ридот Монт Жуик со Олимпискиот стадион, стадионот на ФК Барцелона... Враќање во Лорет де Мар. Вечерта факултативна посета на Фламенко локал со програма. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Слободени денови за одмор или факултативни екскурзии (Мариналенд, Воден парк, крстарење со брод...) Вечера. Дискотека. Ноќевање.
Појадок. Целодневна факултативна посета на Барцелона со можност за шопинг и индивидуална посета на Аквариумот, Зоолошката градина, паркот Гауди... Доцна вечерта поаѓање кон Азурниот брег. Ноќно возење низ Франција со попатни одмори
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Предпладневно панорамско разгледување на Ница со автобус. Сместување во хотел. Во вечерните часови посета на монденскиот Кан и неповторлива прилика за прошетка по познатата Канска променаде.. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок. Претпладне поаѓање кон идиличното градче Ез. Посета на една од фабриките за парфеми. Патувањето продолжува кон Кнежевството Монако. Попладневен разглед на Монако и Монте Карло: Палата на принцот Рение, Океанографскиот музеј, црквата Св. Никола. Посета на казината во Монте Карло. Слободно време. Околу полноќ заминување кон Виена. Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Виена во пладневните часови. Сместување во хотел. Мал одмор. Потоа прошетка низ центарот на Виена...Слободна вечер. Ноќевање.
Појадок. Панорамско разгледување на градот со туристички водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Ринг штрасе, Ратхаус, палатата Шенбрун-летната резиденција на Хабзбуршката династија. Вечерта поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
ГРАТИС ИЗЛЕТИ: