ВИЕНА - МИНХЕН - ПАРИЗ - ЕУРОДИЗНИ - ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРЦЕЛОНА - НИЦА - КАН - МОНАКО - МИЛАНО - ВЕРОНА - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот пред хотел Бристол во 11.30 часот. Поаѓање за Виена во 12.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со автобус: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Ринг штрасе, Ратхаус, палатата Шенбрун-летната резиденција на Хабзбуршката династија. Слободна вечер. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање кон Минхен. Пристигнување во Минхен околу пладне и негова посета.Посета на една од познатите Минхенски пивници во центарот на градот. Патувањето продолжува со ноќно возење кон Париз.
Пристигнување во Париз во претпладневните часови. Сместување во хотел. Попладнето панорамско разгледување на градот со автобус и водич: плоштадите Пигал и Бланше, Мулен Руж, плоштадите на Републиката, Бастиља, Конкорд, катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Домот на инвалидите, Ајфеловата кула, Триумфалната порта... Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Претпладнето крстарење со брод по Сена и посета на Ајфеловата кула. Околу пладне, факултативно: посета на кралската палата во Версај и нејзините прочуени градини. Враќање во Париз. Ноќевање.
Појадок. Целодневна посета на забавниот парк Еуро Дизни - имагинарниот свет на Волт Дизни. Во вечерните часови поаѓање кон Лорет де Мар. Ноќно возење со попатни одмори.
Претпладнето пристигнување во Фигуерес - родното место на славниот сликар Салвадор Дали и посета на неговиот музеј. Околу пладне поаѓање кон Лорет де Мар. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера и посета на дискотека. Ноќевање.
Појадок. Целодневна посета на главниот град на Каталонија - Барцелона. Панорамско разгледување на градот со водич: плоштадите Каталонија и Шпанија, авенијата Рамблас, катедралата Саграда Фамилија, Шпанското село, ридот Монт Жуик со Олимпискиот стадион, стадионот на ФК Барцелона... Враќање во Лорет де Мар. Вечерта факултативна посета на Фламенко локал со програма. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за одмор или факултативна екскурзија (Мариналенд, Воден парк, крстарење со брод...) Вечера. Дискотека. Ноќевање.
Појадок. Целодневна посета на Барцелона со можност за шопинг и индивидуална посета на Аквариумот, Зоолошката градина, паркот Гауди... Доцна вечерта поаѓање кон Азурниот брег. Ноќно возење низ Франција со попатни одмори
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Предпладневно панорамско разгледување на Ница со автобус. Сместување во хотел. Во вечерните часови посета на монденскиот Кан и неповторлива прилика за прошетка по познатата Канска променаде.. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок. Претпладне поаѓање кон идиличното градче Ез. Посета на една од фабриките за парфеми. Патувањето продолжува кон кнежевството Монако. Попладневен разглед на Монако и Монте Карло: Палата на принцот Рение, Океанографскиот музеј, црквата Св. Никола. Посета на казината во Монте Карло. Слободно време. Околу полноќ заминување кон Милано. Ноќно возење со попатни одмори.
Во утринските часови пристигнување во Милано. Прошетка низ центарот на градот и можност за запознавање со вториот по големина град во Италија - катедралата Ел Дуомо, Миланската скала ... Слободно време. Околу пладне поаѓање кон Верона. Разглед на градот - плоштадите Бре, Ербе и Данте, куќата на Јулија ... Патувањето продолжува кон Венеција - Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
По појадокот заминување кон Венеција (со брод) Панорамско разгледување на градот: плоштадот и базиликата Св.Марко, Мостот на воздишките и мостот Риалто, каналот Гранде. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи до поаѓањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни одмори.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
ГРАТИС ИЗЛЕТИ: