Арка - Туристичка агенција

Белград - Нови Сад - Сремски Карловци

1 ден

Поаѓање за Белград во 00.00 часот од Скопје. Патот води преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хотел. Мал одмор. Попладне панорамски разглед на Белград со водич: Кнез Михајлова, Скадарлија, плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот на Револуцијата, плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан, Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот и панорамата од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав. Враќање во хотел. Вечера. После вечерата посета на диско клуб на сплав. Ноќевање.

2 ден

Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет до Нови Сад. Следува прошетка низ центарот на градот каде ќе се видат: Плоштадот на Слободата, Градската куќа, зградата на Српскиот Народен театар, Градската црква, Петроварадинската тврдина... Попладне враќање за Белград со попатна посета на Сремски Карловци - лоциран на брегот на реката реката Дунав, град каде е подигната првата Гимназија-Лицеј во 1791 година. Доцна попладне враќање во Белград во хотел.Вечера. Посета на дискотека. Ноќевање.

3 ден

Појадок. После појадокот посета на зоолошката градина во Белград, потоа прошетка по Кнез Михајлова и Калемегдан, слободно време за шопинг во “ДЕЛТА ЦИТЅ”. Попладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Пресметани услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација 
  • Сместување во хотел Славија во Белград на база 2 полу пансиони (појадок/вечера) 
  • Разгледување на Белград со водич 
  • Излет и разглед на Нови Сад и Петроварадинска тврдина 
  • Посета на Сремски Карловци 
  • Лекар за целото време на патување 
  • Влезници за културно-историските споменици 
  • Влезница за зоолошка градина 
  • Влезница за дискотека на сплав (прва вечер) 
  • Влезница за дискотека (втора вечер) 
  • Пратител на патувањето 
  • Организација и реализација на аранжманот

Резервирај го аранжманот!

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version