Арка - Туристичка агенција

8 МАРТ: Солун - Паралиа - Метеори - Воден

1 ден: 09.03.2012 год.

Поаѓање за Грција во 04.00 часот од пред х.Бристол со попатни  одмори. Пристигнување во Солун околу 09.00 часот. Посета на шопинг центарот Космос. Следува панорамско разгледување на градот со водич: Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот Форум, црквата Ротонда, Белата Кула, споменикот на Александар Македонски. Попладнето заминување за Паралија. Сместување во хотел “Б” категорија. Слободна вечер. Ноќевање.

2 ден: 10.03.2012 год.

Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Метеорите со посета на еден од многуте средновековни Манастири подигнати на високи камени карпи. Попатно посета на црквата Св. Петка во клисурата Темби. Враќање во Паралија. Вечерта факултативна посета на Грчка таверна со музичка програма и со специјалитети на грчката кујна. Ноќевање.

3 ден: 11.03.2012 год.

Појадок. По појадокот слободно претпладне за индивидуални прошетки и шопинг во Паралија. Околу пладне заминување за Воден со посета на водопадите и нивно разгледување. Попладне поаѓање за  Македонија со кратка посета на фрее схоп. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 69 евра или 4.250 денари

можност за плаќање со ВИЗА, МАСТЕР, МАЕСТРО КАРД

Во цената се пресметани следните услуги:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • сместување во хотел “Б” кат. во Паралиа на база 2 ноќевања со појадок
  • разгледување на Солун со водич
  • посета на водопадите на Воден
  • организација и водство на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги

  • свечена вечера во Таверна
  • целодневен излет до Метеорите (10 еур)
  • влезници за културно историските споменици
  • патничко осигурување

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Арка-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version