Арка - Туристичка агенција

8 МАРТ: Истанбул

1 ден: 08.03.2012 год.

Поаѓање во 17.00 часот од паркингот кај хотел Холидеј Ин. Ноќно возење со попатни одмори до Истанбул.

2 ден: 09.03.2012 год.

Пристигнување во Истанбул во предпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот со туристички водич: Сината Џамија, Ак Сарај, Римскиот Аквадукт, Таксим, Бајазитовата Џамија, Универзитетот, Хиподромот... Факултативно посета на Аја Софија. Сместување во хотел. Попладне можност за посета на Капали чаршија. Ноќевање.

3 ден: 10.03.2012 год.

Појадок. По појадокот факултативна посета на палатите Топ Капи И Долма Бехче Сарај - резиденцијата на Отоманскиот Султан. Попладне можност за факултативно крстарење со брод по Босфор - единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни, пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Вечерта можност за факултативна свечена вечера во национален ресторан. Ноќевање.

4 ден: 11.03.2012 год.

Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за посета на еден од многуте шопинг центри во Истанбул. Попладне заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

6 ден. 03.01.2012 год.

Пристигнување во Скопје утринските часови.

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари)

можност за плаќање со ВИСА, МАСТЕР, МАЕСТРО

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Автобуски превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*** во Истанбул на база две ноќевања со појадок
  • Разглед на Истанбул со туристички водич
  • Организација и водство на аранжманот

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Крстарење по Босфор
  • Посета на Аја Софија (10 евра)
  • Патничко осигурување
  • Посета на Долма Бехче Сарај и Топ Капи (вклучени влезници и водич) 35 евра
  • Влезници за музеите, палатите и културно-историските споменици

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат општите услоби за патување на Т.А. Арка-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version