Арка - Туристичка агенција

8 МАРТ: Будимпешта

1 ден. 08.03.2012 год.

Поаѓање во 18. 00 часот од паркингот кај хотел Холидеј Ин. Патот води на граничниот премин Табановце, преку Србија со попатни одмори до Будимпешта.

2 ден. 09.03.2012 год.

Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Следува разглед на градот со туристички водич: Пешта - споменикот на Милениумот, парламентот, градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи, црквата Св. Стефан; Будим - мостовите на Дунав, Цитаделата, тврдината на кралските палати, црквата на кралот Матејас, рибарската тврдина итн. Сместување во хотел 3***. Слободно попладне за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден. 10.03.2012 год.

Појадок. По појадокот заминување на полудневен излет за Сент Андреа - град на стара архитектура и ракотворби - негово разгледување. Попладне факултативно крстарење со брод по Дунав. Вечерта факултативно можност за посета на национален ресторан - ЧАРДА. Ноќевање.

4 ден. 11.03.2012 год.

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки и можност за посета на еден од големите шопинг центри во Будимпешта. Поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден. 12.03.2012 год.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА: 95 Евра (5.870 денари)

можност за плаќање со ВИЗА, МАСТЕР, МАЕСТРО

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус
  • две ноќевања со појадок во хотел 3*** во Будимпешта на база две ноќевања со појадок
  • разглед на Будимпешта со туристички водич
  • полудневен излет до Сент Андреј
  • организација и водство на патот


Во цената не се пресметани следните услуги:

  • ЧАРДА- свечена вечера во национален ресторан
  • крстарење со брод по Дунав+шампањ (15 евра)
  • патничко осигурување

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version