Поаѓање за Албанија од пред училиште во 22.00 часот. Патот води преку граничениот премин Ќафасан. Потоа се продолжува за Драч со попатни паузи.
Пристигнување во Драч - град со 3000 години историја. Сместување во хотел. Краток одмор. Потоа разгледување на градот со водич. Посета на еден од најстарите Амфитеатри и Драчката џамија од ЏВ век. Враќање во хотел. Вечера. Диско. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување за Круја. Посета на реставрираната трврдина и цитаделата, музејот Скендер-бег подигнат во средината на тврдината, чаршијата.. Попладне заминување за Тирана. Пристигнување во Тирана и разгледување на градот со водич. Поаѓање од центарот на градот пеш и разглед на: Народниот Музеј, плоштадот Скендер Бег, се пролжува по булеварот на Националниот Херој со посета на Парламентот, Владата, Кралската Палата, националната Радио-Телевизија ... Враќање во Драч. Вечера. Диско. Ноќевање.
Појадок. По појадокот поаѓање за Берат и посета на најстариот град во Албанија, уште попознат како град со илјадници прозорци. Потоа посета на Фиер, историски град од старогрчкиот и римскиот период со посета на античкиот град - локалитет Аполониа. Попладне посета на Валона, слободно време за прошетка по градот. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување за Скопје со попатна посета на Елбасан. Слободно време за прошетка низ градот. Попладнето заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Пресметани услуги: