Арка - Туристичка агенција

Париз - Салзбург - Еуродизни - Венеција

1 ден

Поаѓање во 15.00 часот од Скопје со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори до Салзбург.

2 ден

Пристигнување во Салзбург во попладневните часови.Сместување во хотел.Слободно време за одмор и прошетка по градот.Ноќевање.

3 ден

Појадок. По појадокот панорамски разглед на Салзбург со локален водич: Катедралата, замокот Хохенсалзбург, плоштадот и куќата на Моцарт, музејот и куќата во кој што е роден Моцарт, Резиденц Палатата, црквата Св. Себастијан, замокот и градините Мирабел, Палатата Хелбрун... Доцна попладне поаѓање за Париз.Ноќно возење со попатни одмори...

4 ден

Пристигнување во Париз околу пладне.Сместување во хотел.Попладне посета и прошетка низ квартот Пигал и прочуените кабареа-Мулен Руж, катедралата Сакр Кер, познатата улица на уметниците-Мон Мартр...Вечерта враќање во хотел.Ноќевање.

5 ден

Појадок. По појадокот панорамско разгледување на градот со автобус и водич: плоштадите Пигал и Бланше, плоштадите на Републиката, Бастиља, Конкорд, катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт, Домот на инвалидите, Ајфеловата кула, Триумфалната порта, Шамп Елисеј, Операта...Попладне факултативна посета на кралската палата во Версај и нејзините прочуени градини.Вечер факултативно крстарење со брод по реката Сена и можност да се посети Ајфелова кула. Враќање во хотел.Ноќевање.

6 ден

Појадок. После појадокот факултативна посета на еден од најубавите музеи-Лувр.Околу пладне заминување и посета на забавниот парк Еуро Дизни - имагинарниот свет на Волт Дизни.Во вечерните часови заминување за Лидо Ди Јесоло. Ноќно возење со попатни одмори.

7 ден

Пристигнување во Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел.Слободно време за индивидуани прошетки и можност за посета на ресторан-пицерија.Ноќевање.

8 ден

Појадок. После појадокот заминување на разглед на Венеција со брод на Пунта Сабиони. Панорамски разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Доцна попладне враќање со брод и заминување за Македонија со попатна посета на некој шопинг центар.Ноќно возење со попатни одмори.

9 ден

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

Пресметани услуги во цена:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • сместување во хотел 3*** во Салзбург на база едно ноќевање со појадок
  • сместување во хотел 3*** во Париз на база две ноќевања со појадок
  • сместување во хотел 3*** во Лидо Ди Јесоло на база едно ноќевање со појадок -разглед на Салзбург, Париз и Венеција со локален водич
  • возење со брод Пунта Сабионе - Венеција
  • организација и водство на аранжманот

Непресметани услуги во цена:

  • факултативна посета на Версај, Лувр и крстарење по реката Сена
  • билети за јавно превозно средство - метро
  • влезница за Дизниленд
  • влезници за културно-историските споменици

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version