Арка - Туристичка агенција

Прага - Виена - Карлови Вари - Дрезден

1 ден

Поаѓање во 16.00 часот од Скопје со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија, Унгарија со попатни одмори до Прага.

2 ден

Пристигнување во Прага околу пладне. Сместување во хотел, мал одмор. Следува панорамски разглед на градот со локален водич: Старо место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Прашката кула, Катедралата Св.Вито, златната улица....Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. По појадокот организиран излет до Дрезден - град со многу впечатлива архитектура кој уште го викаат "Фиренца на Елба". Панорамски разглед на градот со локален водич: Богородичната црква, Златниот коњаник, Муралот со приказната за Владетелите на Саксонија, Операта, Палатата Цвингер.... Слободно време за прошетка и шопинг. Попладнето враќање во Прага. Вечерта факултативно организирана забава-вечера во Пивница во Прага. Ноќевање.

4 ден

Појадок. По појадокот организиран излет до Карлови Вари-најпознатиот бањски центар во Чешка,популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-ти век. Разгледување со локален водич и посета на еден од 12 извори, прошетка и покрај нео-ренесансните колонади, паркови, ресторани и продавници. Познати се производите од порцелан,стаклото Мосер и ликерот Бечеровка. Попладнето враќање во Прага. Вечерта можност за факултативно Крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

5 ден

Појадок. По појадокот заминување за Виена. Пристигнување во Виена околу 14.00ч (град со долга традиција во уметноста и културата преточени во театарот,операта,класичната музика и ликовната уметност). Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Плоштадот Рингштрасе,Катедралата Св. Стефан и Стефанплац, Парламентот, Палатата Белведере, Ратхаус,... Слободно време за прошетка и шопинг. Вечерта заминување за Македонија со попатни одмори.

6 ден

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Пресметани услуги во цена:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • сместување во хотел 3*** во Прага на база три ноќевања со појадок
  • разглед на Прага и Виена со локален водич
  • излет и разгледување на Дрезден и Карлови Вари со локален водич
  • организација и водство на аранжманот

Непресметани услуги во цена:

  • патничко осигурување
  • вечера-забава во Пивница во Прага
  • крстарење со брод по Влтава
  • влезници за културно-историските споменици

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version