Поаѓање во 13.00 часот од Скопје со модерен туристички автобус. Патот води преку Албанија со попатни одмори до Драч. Вечерта поаѓање за Бари со брод.Ноќно возење.
Пристигнување во Бари во утринските часови. По кратка пауза патувањето продолжува за Рим.Пристигнување во Рим и разгледување на градот со локален водич: Плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостот Тибар, црквата Св. Петар,Колосеумот... вечерта сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадокот факултативна посета на Ватикан со локален водич: Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св. Петар. Попладне слободно време за шопинг и индивидуални прошетки.Враќање во хотел.Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување за Пиза. Пристигнување околу пладне и разглед на Пиза со локален водич, посета на кривата Кула (едно од седумте светски чуда) која се наоѓа на Пиазза Дел Дуомо и е под заштита на УНЕСКО, Катедралата, Крстилницата...Слободно време за индивидуална прошетка.Доцна попладне поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок.После појадокот заминување за Фиренца(еден од најубавите и најсликовитите градови во Европа). Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Сињори, Палатата и мостот Векио, Галеријата Уфици, Академијата, Крстилницата Сан Џовани....Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне заминување за Македонија преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Пресметани услуги во цена:
Непресметани услуги во цена:
НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г