Арка - Туристичка агенција

Сараево - Мостар

1 ден

Поаѓање во 20.00 часот од од Скопје со туристички автобус. Патот води на граничниот премин Табановце, преку Србија со попатни одмори до Сараево.

2 ден

Пристигнување во Сараево во предпладневните часови. Следува разглед на градот со туристички водич: Баш Чаршија(каде се менува, еден по друг отоманскиот, австроунгарскиот и конечно современиот дел од градот), Катедралата “Срце Христово”, Соборната црква Св. Тројца, Беговата џамија, Царевата џамија, зградата на академијата и уметноста, Латинската чуприја.... Сместување во хотел 3***. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

3 ден

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Мостар. Можност да се видат и посетат: Стариот мост, саат кулата, Караџорџевата џамија, Коски Мехмед-Пашината џамија... Попладне враќање во Сараево. Мал одмор. Вечерта факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

4 ден

Појадок. По појадокот организирана посета на општина Илиџа, западно предградие на Сараево, најстаро населено подрачје богато со природни убавини. Бањско лекувалиште, излетничко рекреативен центар, лоциран во подножјето на планината Игман. Слободно време за прошетка.Попладне поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Пресметани услуги во цена:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус на дадената релација 
  • сместување во хотел 3*** во Сараево на база две ноќевања со појадок 
  • разглед на Сараево со туристички водич 
  • полудневен излет до Илиџа 
  • организација и водство на аранжманот 

Непресметани услуги во цена:

  • факултативен излет до Мостар 
  • свечена вечера во национален ресторан 
  • патничко осигурување 

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version