Поаѓање за Грција во 04.00 часот од Скопје со попатни одмори. Пристигнување во Солун околу 09.00 часот и панорамско разгледување на градот со водич: Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот Форум, црквата Ротонда, Белата Кула,споменикот на Александар Македонски. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Попладнето заминување за Паралија. Сместување во хотел 3*. Слободна вечер. Ноќевање.
Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Метеорите со посета на еден од многуте средновековни Манастири подигнати на високи камени карпи. Попатно посета на црквата Св. Петка во клисурата Темби. Враќање во Паралија. Вечерта факултативна посета на Грчка таверна со музичка програма и со специјалитети на грчката кујна. Ноќевање.
Појадок. Слободно предпладне во Паралија. Околу пладне заминување за Воден со посета на водопадите и нивно разгледување. Попладне поаѓање за Македонија со кратка посета на фри шоп. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Пресметани услуги во цена:
Непресметани услуги во цена:
НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г