Арка - Туристичка агенција

Венеција - Верона - Падова - Трст

1 ден

Поаѓање во 16.00 часот од Скопје со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија,Хрватска и Словенија со попатни одмори до Венеција.

2 ден

Пристигнување во Венеција (Лиди Ди Јесоло) во предпладневните часови. Заминување на разглед на Венеција со брод на Пунта Сабиони. Панорамски разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Доцна попладне враќање со брод и заминување за Лидо Ди Јесоло.Сместување во хотел.Ноќевање.

3 ден

Појадок. После појадокот заминување за Верона (градот на Ромео и Јулија). Пристигнување околу пладне и заминување на организирана прошетка и посета на плоштадот Бра, куќата на Јулија (една од најголемата градска атракција), плоштадите Ербе и Сињори, Римската Арена... Попладне поаѓање за Венеција (Лидо Ди Јесоло) со попатна посета на Падова. Организирана прошетка и посета на плоштадот Прато делла Валле(еден од најголемите плоштади во Европа и меѓу најубавите во свет), Базиликата на Св. Антоније, ботаничката градина... Вечерта враќање во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден

Појадок. По појадокот. заминување за Трст. Прошетка по плоштадот Пиазза Гранде.Слободно време за шопинг. Вечерта поаѓање за Македонија со попатни одмори.

5 ден

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Пресметани услуги во цена:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус на наведената релација 
  • сместување во хотел 3*** во Лидо Ди Јесоло на база две ноќевања со појадок 
  • разглед на Венеција со локален водич 
  • возење во брод Пунта Сабиони-Венеција 
  • излет и посета на Верона и Падова 
  • Посета и шопинг во Трст -организација и водство на аранжманот

Непресметани услуги во цена:

  • патничко осигурување
  • влезници за културно-историските споменици

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version