Арка - Туристичка агенција

Загреб - Опатија - Ријека

1 ден

Поаѓање од Скопје во 20.00 часот со модерен туристички автобус. Патот води преку Србија со попатни одмори до Загреб.

2 ден

Пристигнување во Загреб во утринските часови. Заминување на панорамски разглед на градот со водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Горниот град, Камената Порта, Загребската Катедрала, Калчичева улица, Марковата Црква.....Слободно време за индивидуална прошетка. Попладне заминување за Опатија(едно од најмонденските места на Јадранскиот брег).Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Трст. Прошетка по плоштадот Пиазза Унита, Палатата на Гувернерот....Слободно време за шопинг. Попладне враќање во Опатија. Вечерта факултативно свечена вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

4 ден

Појадок. По појадокот слободно време за посета на паркот Свети Јаков (изграден 1845-1860, кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба во Опатија - црквата Св. Јаков која датира од 15-от век). Попладне заминување за Ријека. Слободно време за прошетка (Зградата на Хрватскиот Народен Театар, Гувернеровата Палата, Палатата Јадран, Ријечкото корзо...). Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден

Пристигнување во Скопје во раните утринските часови.

Пресметани услуги во цена:

  • автобуски превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • сместување во хотел 3*** во Опатија на база две ноќевање со појадок
  • разглед на Загреб со локален водич
  • посета на Ријека -организација и водство на аранжманот

Непресметани услуги во цена:

  • факултативно свечена вечера во ресторан во Опатија 
  • факултативна посета и шопинг во Трст 
  • патничко осигурување

Резервирај го аранжманот!

НАПОМЕНА: за реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

Copyright © 2012 Arka. All rights reserved | Developed by ProInformatics.com

Top Desktop version