| Екскурзија низ Македонија (8 дена) | |
1. ден: Скопје - ОхридПоаѓање од Скопје пред училиштето во 7:30 часот наутро. Патување кон Дебар со попатна посета на манастирот Св.Јован Бигорски. Околу пладне патувањето продолжува за Охрид со попатна посета на местото каде што реката Радика се влива во Дебарското езеро, хидроцентралите Глобочица и Шпилје. ХЕ Глобочица го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим и се наоѓа на околу 30 км северно од Струга. Најголемата акумулациона хидроелектрана на сливното подрачје на р. Црн Дрим е ХЕ Шпилје во близината на Дебар. Со пуштањето во работа во 1969 година, оваа хидроелектрана е значаен извор на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Пристигнување во Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 2 ден: Охрид (Св.Наум)
Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Св.Наум (манастирски комплекс кој датира од 9-ти век лоциран над главните извори на Охридското езеро. Во склоп на манастирскиот комплекс е и црквата Св. Наум, каде се наоѓаат и моштите на Св.Наум Охридски). Попладнето враќање во Охрид. Ручек. После ручекот организирана прошетка по околината. Можност за спортски активности. Вечера. Ноќевање. 3. ден: Охрид (Плаошник, Св.Софија, Самоиловата тврдина...)Појадок. По појадокот следи краток разглед на градот, каде ќе се видат манастирот Св. Пантелејмон-Плаошник (лоциран на местото каде што се наоѓал и првиот универзитет на Балканот), цркавата Св.Софија (која била седиште на Охридската Архиепископија во 11-от век), црквата Св. Јован Канео (од каде што се пружа единствен поглед на Охридското езеро), Самоиловата тврдина (седиштето на Македонското Царство во почетокот на 11-от век), кејот и Охридската чаршија. Враќање во хотел. Ручек. По ручекот можност за организирање на предавања, вежби и теренска настава. Вечера. Можност за диско забава. Ноќевање. 4. ден: Охрид - Крушево
Појадок. После појадокот посета на Билјанини извори и Хидробиолошкиот институт (место каде што се врши вештачко порибување на охридската пастрмка и други видови риби), нивно разгледување и настава. Посета на спортско-рекреативниот центар “Билјанини извори”. Враќање во хотел. Ручек. После ручекот поаѓање за Крушево, патот води покрај Ресен и Битола. Пристигнување во Крушево (градот на првата балканска република) во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 5. ден: Крушево - Прилеп - ДојранПојадок. После појадокот прошетка по градот и посета на споменикот на Илинден - Македониум и Мечкин Камен. Посета на гробот на Тоше Проески. Ручек. Попладне заминување за Прилеп - посета на Споменикот на Непобедените и негово разгледување. Во попладневните часови поаѓање за Дојран. Пристигнување во Дојран. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 6. ден: Дојран - СтрумицаПојадок. По појадокот посета на туристичката населба Мрдаја, граничниот премин со Р. Грција и местото за вештачко напојување на езерото со водите од с.Ѓавато. Прошетка покрај брегот на дојранското езерото. Ручек во Дојран. После ручекот заминување за Струмица-Банско. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 7. ден: Струмица (манастирите Вељуса и Св.Леонтиј-Водоча...)Појадок. После појадокот посета на Струмица (споменикот на Гоце Делчев, трговскиот центар Глобал...), манастирите Вељуса и Св.Леонтиј-Водоча каде е ослепена Самоиловата војска. Враќање во хотел. Ручек. Можност да се посети и види оранжериско производство на зеленчук и овошје. Слободно време за разгледување на бањата Банско. Вечера. Организирана диско забава во хотелот. Ноќевање. 8. ден: Струмица - СкопјеПојадок. По појадокот заминување за селото Колешино и посета на Колешинските водопади. Организиран ручек. Попладне заминување за Скопје со попатна посета на Радовиш и црквата Св.Тројца. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум од 40 патници |







