Почетна Туристички аранжмани Екскурзија во Грција
Екскурзија во Грција
1 ден: Македонија - ноќно возење

Поаѓање во 20.00 часот од Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: Атина

Пристигнување во Атина во утринските часови. Сместување во хотел во центарот на Атина. Разгледување на Атина со локален водич: Омонија, Синтагма, Олимпискиот стадион, Парламентот, Евзоните, Адријановата Порта, Зевсовиот храм, Акропол и др. Диско. Ноќевање.

3 ден: Пелопонез - Атина

Појадок. Целодневен излет до Пелопонез: Коринтскиот Канал, Епидаурус - најакустичниот амфитеатар и Микена. Попатна посета на најголемото пристаниште - Пиреа.  Вечерта прошетка низ стариот дел на Атина – Плака. Вечера во Мек Доналдс. Ноќевање.

4 ден: Паралија

Појадок. Поаѓање за Паралија со попатна посета на средновековните манастири Метеорите и клисурата Темби. Пристигнување во Паралија во вечерните часови. Сместување во хотел. Диско. Ноќевање.

5 ден: Солун - Македонија

Појадок. Поаѓање за Солун со можност за шопинг и. разгледување на Солун со водич: Виа Игнација, црквата Св.Димитрија, Белата Кула, Плоштадот Аристотелис и друго. Се продолжува за Воден со посета на водопадите. Враќање за Македонија во вечерните часови.



Во цената се пресметани следните услуги:

  • превоз со туристички автобус,
  • две ноќевања со појадок во хотел “Б” категорија во центарот на Атина,
  • едно ноќевање со појадок во хотел “Б” категорија во Паралија,
  • вечера во Мек Доналдс во Атина - 1 комплет,
  • разгледување на Атина со локален водич,
  • целодневен излет до Пелопонез, Коринтски Канал, Пиреа
  • разгледување на Солун со локален водич,
  • посета на Метеорите
  • виза за Грција (пасош, здравствена легитимација, 1 фотографија, изјава од родителите заверена во полиција-за малолетни ученици ),
  • водство и организација на екскурзијата,
  • влезници за посетите,
  • диско влезница со пијалок во Паралиа

Во цената не се пресметани следните услуги:
  • диско влезница во Атина

Напомена: За секое лице потребен е поединечен пасош
 

Општи услови за патување

Прочитајте ги општите услови кои важат при секое патување организирано од туристичката агенција Арка - Г

Повеќе

Weather in Ohrid

Overcast

-5°C

Ohrid

Overcast

Humidity: 68%

Контакт

Доколку сте спремни да го направите патувањето од вашите соништа јавете ни се и ние ќе го организираме

Повеќе