| ЗЛАТИБОР - ДРВЕНГРАД - СИРОГОЈНО | |
1 ден: Скопје, ЗлатиборПоаѓање за Србија од пред хотел Бристол во 05.00 ч. со модерен туристички автобус. Патот води преку граничниот премин Табановце,Лесковац,Ниш,Краљево,...со попатни паузи.Пристигнување на Златибор околу пладне.Сместување во апартманска населба,мал одмор.Доцна попладне слободно време за индивидуална прошетка.Ноќевање... 2 ден: Златибор, Древенград
Појадок. По појадокот организиран излет до Мокра Гора и посета на филмскиот град на Емир Костурица-Дрвенград на Меќавник.Можност за возење со воз на парна локомотива низ Шарганска осмица,посета на лековитиот извор Бела вода и железничката станица Јатара.Враќање во доцните попладневни часови.Вечерта факултативно свечена вечера во ресторан со комплет мени и музика.Ноќевање. 3 ден: Сирогојно, Врњачка бања
Појадок. По појадокот заминување за Сирогојно-”Етно село” каде што може де се посетат и видат културата на живеење во Златиборскиот крај во 19 -от век, стари занаети, апотека, уметничка галерија, автентична златиборска крчма...Околу пладне поаѓање за Македонија со попатна посета на Врњачка бања (можност за посета на некои од изворите,бањските лекувалишта и мостот на љубовта).Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Во цената се пресметани следните услуги:
Во цената не се пресметани следните услуги:
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници За патувањето важат Општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г
|